Новости

Прилеп инфо

Загина возач на мопед на регионалниот пат Прилеп-Битола

На 21.09.2020 во 17.25 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола, мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп, информираат од СВР Битола.

GOLD
To Top