Новости

Прилеп инфо

Загина прилепчанец кој со џип излета од пат

Вчера во 12.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат с.Обршани-с.Крушеани, патничко возило „ровер фрилендер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(41) од с.М.Коњари, прилепско, излетало од патот.

По несреќата, при транспорт до Градска болница Прилеп, М.Ш. починал во возило на Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп.

Евротип
SNBROKER
To Top