Новости

Прилеп инфо

Засилените акциски контроли продолжуваат: 18 санкционирани возачи во Прилеп

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21 до 04 часот во рамки на засилените акциски контроли полицијата во Прилеп санкционираше 18 возачи.

Од нив, како што информира МВР, 10 возеле без возачка дозвола, четири под дејство на алкохол, а останатите четворица се санкционирани за други прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за зголемена безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.

Евротип
SNBROKER
To Top