Новости

Прилеп инфо

За една недела 372 нови случаи на Ковид-19 во Прилеп, 18 лица починале

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 29 март до 4 април 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 29 март до 4 април 2021 година, во општина Прилеп имало 372 нови случаи на Ковид-19;
  • Од последици на коронавирусот починале 18 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 1.099, од кои 141 лице се наоѓа на болничко лекување;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.304;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 345 лицa.
GOLD
To Top