Новости

Прилеп инфо

Зголемување на цената на водата за 20 и на комуналните услуги за околу 60 отсто во Прилеп

Во Прилеп, цената на водата се зголемува за 20, а на комуналиите во просек за 60 отсто. Ова се одлуки на прилепските јавни претпријатија кои ги доставија до општинскиот совет. Зголемените цени се за октомвриските сметки кои прилепчани ќе ги добијат во ноември.

И во двете претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комуналец“ посочуваат дека причина за зголемувањето на цените се енормните трошоци по константното зголемување на цените на енергенските, главно струјата и нафтата и на резервните делови.

Игор Гулабоски, директор на прилепски „Водовод и канализација“ вели дека се принудени да ја користат максималната тарифа за вода што е дадена од Регулаторната комисија во 2022 година.

– Растот на цената ќе биде за 20 отсто од сегашната цена за вода. Со овие цени на елекрична енергија енергија до плафон, со зголемувањето на цените за гориво кои за седум месеци го исцрпија планираниот вкупен износ на годишно ниво, со енормно зголемени цени на резрвните делови, прашуваме како може да издржи претпријатието да работи рентабилно и да одговори на потребите на градот 24/7 кога има многу други законски оптоварувања, како законот за минимална плата, законот за бенифициран стаж, задолжителниот надоместок за Фонд за води и многу други, изјави Гулабоски.

И директорот на прилепски „Комуналец“, Рубин Абрашоски рече дека причина се енормните трошоци во работењето, а ситуацијата е загрижувачка што може да го стави во прашање исплаќањето плати за вработените.

– Знаеме во каква ситуација се и граѓаните и стопанството, но мораше да прибегнеме кон оваа непопуларна мерка за корекција на цените кои се исти уште од 2009 година. Здружението на комуналните претпријатија бараше и помош од владата, но не наиде на разбирање. Ако продолжат да се влошувата состојбите со енормните трошоци, ќе биде во прашање и исплатата на платите на вработените, вели Абрашоски.

Барањата за корекција на цените на водата и на комуналните услуги, јавните претпријатија ги доставија до прилепските советници.

Евротип
SNBROKER
To Top