Новости

Прилеп инфо

Истрага против дилер на марихуана во Прилеп

По поднесена кривична пријава од страна на МВР – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен прилепчанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 17 март неовластено заради продажба држел 191,21 грама наркотична дрога – марихуана. Тој бил затекнат од полициски службеници при обид да продаде помало количество марихуана на друго лице, при што се дал во бегство, фрлајќи ја зад себе ќесата со дрога.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.​

Евротип
SNBROKER
To Top