Новости

Прилеп инфо

Коронавирусот влезе и во две од шесте прилепски градинки

Коронавирусот влезе и во две од шесте прилепски градинки, во изолација се 35 деца од градинките Работнички и Аличаир.

Две негувателки и една воспитувачка се позитивни на Ковид 19 и најверојатно тие го имаат донесено вирусот во градинките.

Покрај нив и децата. Уште осум вработени негувателки и воспитувачки се ставени во изолација.

Поради тоа градинката во работнички три недели ќе биде затворена,информираат од јавната општинска установа Детски градинки наша иднина.

Од таму и ако јавно не говорат сепак информираат дека затворената градинка како и останатите повеќе пати се дезинфицирани, а поради строгите протоколи од отворањето наместо 1600 во градинките беа 550 деца.

Сега по појавата на Корона вирусот во двете градинки од денеска згрижени 450.

Во Прилеп активни се 226 од кои 34 на болничко лекување, а во домашна изолација 574 од Ковид 19 пренесува Канал5.

GOLD
To Top