Новости

Прилеп инфо

Малиот битолски монмартр утре со изложба во Ликовната галерија во Прилеп

На 3 декември 2021, од 12.30 часот, во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде поставена изложбата на дела од Малиот битолски Монамартр. Во наредните две недели ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.
Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.
Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност…. испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола.
„Монмартр живее за децата, а јас живев за нив!“велеше основачот Коста.

Евротип
Евротип
To Top