Новости

Прилеп инфо

Мотоциклист удрил во пешак во Прилеп, двајацата завршија во болница

Мотоциклист удрил во пешак на ул„Мирче Ацев“ во Прилеп при што двајцата се тешко повредени.

Според информациите, моторот „Педа-Италија 125“ без регистарски таблици, го управувал А.Д.(27) од Прилеп, а удрил во Е.И.(55) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.И., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Евротип
SNBROKER
To Top