Новости

Прилеп инфо

Неделен извештај за Прилеп: 274 нови случаи за една недела, 11 починати лица

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 274 нови случаи на Ковид-19;
Од последици на коронавирусот починале 11 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 473;
59 лицa се наоѓаат на болничко, 367 на домашно лекување, а 47 се лекуваат во дневната болница;
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 321 лица;
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.116, а од вирусот починале 254 лица.
GOLD
To Top