Новости

Прилеп инфо

Неделен извештај за Прилеп: 315 нови случаи за една недела, 10 лица починале, активни се 658

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 22 до 28 февруари 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 315 нови случаи на Ковид-19;
  • Од последици на коронавирусот починале 10 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 658;
  • 75 лицa се наоѓаат на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница;
  • Во домашна изолација и самоизолација заклучно со денеска се наоѓаат 470 лица;
  • Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.431, а од вирусот починале 264 лица.

Дополнително, од Центарот за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата евидентирани се 8 случаи на реинфекција со вирусот Ковид-19.

GOLD
To Top