Новости

Прилеп инфо

Неделен извештај за Прилеп: 377 нови случаи за една недела, 15 лица починале

Заради зголемениот број на лаборатории во кои се вршат тестирања за Ковид-19, резултатите за бројот на позитивни и починати лица од коронавирус за нашата општина, во Центарот за јавно здравје – Прилеп пристигнуваат во доцните попладневни часови. Од тие причини, во следниот период додека трае ваквиот начин на објавување на резултатите, Општина Прилеп еднаш неделно, секој вторник, ќе ви доставува неделен пресек на состојбата со коронавирус.

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за последната седмица и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, заклучно со вчерашниот ден, во општина Прилеп имало 377 нови случаи на коронавирус;
  • Од последици на коронавирусот, починале 15 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 765, од кои 659 се наоѓаат на домашно, а 106 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.019 лица
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 1.818
  • Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирус починале 78 лица.
GOLD
To Top