Новости

Прилеп инфо

„Ништо без Трифолио“ нов проект на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

,,Ништо без Трифолио,, од Русомир Богдановски, во режија на Коле Ангеловски е првиот проект на кој започна да работи театарот,,Војдан Чернодрионски,,. Се работи за весела комедија која, како што вели авторот на текстот Богдановски, е напишана во грчко римски стил.

Според режисерот Коле Ангеловски овој текст бил дебитантски пред 30 година.

– Еднаш е поставуван во МНТ, потоа јас го режирав во Куманово. Интересен е и затоа повторно се навраќам на него. Основната тема е љубовта. Или се што се случува на сцена, односно сите заврзлами се поврзани токму со љубовта. Главен двигател е богот АМОР кој ги предизвикува ситуацииите. Понекогаш има грешки и забуни. Многу убав текст. Одлично напишан со повеќе ликови. Претставата ќе биде интересна и публиката ќе ја сака – вели режисерот.

Ќе играат Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Илија Волческа, Александар Тодески, Марјан Чакмакоски, Димитар Црцороски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С.Илиеска и Михајло Миленкоски.

Сценографија ќе ја работи Илина Ангеловска, костими Раде Василев, музиката му е доверена на Томе Темелкоски, додека за кореографијата ќе се погрижи Кире Миладиноски.

Целта со овој проект е актуелизирање на домашната драматургија и нејзино приближување кон помладата публика и создавање на претстава од забавен карактер која ќе привлекува бројна публика велат од ЦК,,Марко Цепенков,,.

,,Ништо без Трифолио,, е првата од трите претстави што ќе ги работи театарот годинава со поддршка на Министерството за култура. Другите две се „Клетници,, од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски и „Галоп на радоста„ од Ивана Нелковска, во режија на Илина Ангеловска.

Евротип
SNBROKER
To Top