Новости

Прилеп инфо

Одбележани 75 години постоењето на библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп

Денеска Градската Библиотека „Борка Талески“ во Прилеп одбележа 75 години од формирањето, со полагање на цвеќе се оддаде почит на Марко Цепенков, Блаже Конески, Круме Кепески, Борка Талески и др дејци. Кога ке се среди состојбата со корона вирусот од библиотеката најавија бројни манифестации со кои ќе биде прославена и годишнината.

– Ќе имаме промоција на монографија со наслов: 75 години ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, промоција на книгата Библиотекарството во Прилеп, историски развој, на Зборник на творби од прилепските современи автори, промоции на најновите дела на членовите на Клубот на литературни творци од Прилеп, конкурси, доделувањре на плакети, изложби, саеми на книги, литературни читања, ораторски вечери, матинеа …- вели директорката Моника Талеска.

Почетоците на библиотекарската дејност во Прилеп датираат уште од 1867 година со постоењето на читалиштето „Надежда“. Во 1951 година во Прилеп е формиран „Културен дом“, па библиотеката влегува во неговиот состав.

Две години подоцна е вработен и првиот библиотекар со завршено средно библотекарско училиште Димче Атанасоски. Тој вршел стручна обработка на книжниот фонд според тогашните библиотекарски правила и стандарди. Во тоа време библиотеката почнала да функционира како вистинска културна институција. Веќе во 1955 година, библиотеката се одделува од Културниот дом како самостојна културно-образовна институција, под името Градска библиотека „Борка Талески“.

Денес ГБ „Борка Талески“, брои преку 130.000 книжни единици. Роднокрајна збирка има над 3000 дела, книги, монографии, раскази, речници, весници, збирки и раритетна збирка со над 1000 библиотечни единици. Во оваа установа работат 18 почитувачи на книжевноста, заштитници на македонското книжевно наследство и светско литературно творештво. Вредноста на библиотечниот фонд создаван со децении е повеќе од 25 милиони денари. За жал поради коронакризата читалните не се отворени пренесува н.македонија.

GOLD
To Top