Новости

Прилеп инфо

Околу 10 вработени лица во прилепската болница се позитивни на Ковид – 19

Општата Болница „Борка Талески“ во Прилеп ќе започне да ги реорганизира смените на вработените за да може да го постигне порастот на новозаболени лица од корона вирусот како и други пациенти бидејќи има заболени медицински сестри и болничари од неколку одделенија.

– Некаде околу 10 тина вработени од Општа болница „Борка Талески“ се позитивни на корона вирус. На хируршкото одделение има 3 сестри, во нервното одделение има сестра која е позитивна на корона вирус и во интерното има 4 од персоналот. Одделенијата функционираат, но со оглед на влошувањето на здравствената состојба и зголемен број на заболени од Ковид 19, ќе мораме да го редуцираме лекувањето на останатите пациенти за да можеме да одговориме на барањата со здравствен персонал. Со одредени измени и редукции во сменското работење ќе одговориме на барањата, имаме доволно персонал, иако ќе мора да го редуцираме бројот на медицински сестри кои ги упатувавме од прилепската болница во скопските клиники, одговори на новинарско прашање Богојески.

 

 

 

 

Извор: Радио Пела  

GOLD
To Top