Новости

Прилеп инфо

Оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп – отворена со хебла

Министерството за здравство соопшти дека општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница.

Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата.

Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.

Евротип
Евротип
To Top