Новости

Прилеп инфо

Полициската акција во Прилеп и натаму трае, досега уапсени 7 лица

Големата полициска акција која започна претпладне во Прилеп, и натаму е во тек. Акцијата се спроведува за разбивање на голема група на лица осомничени за трговија со дрога и наркотици.

Како што пренесува „Сител“ од неофицијални информации, во акцијата се трага по дрога, кокаин, хероин и марихуана, а досега биле уапсени 7 лица, додека осомничени биле 20.

Полицијата најавила повеќе детали во текот на утрешниот ден, а акцијата ќе биде во тек и во текот на викендот.

Неофицијално меѓу осомничените се сопственици и менаџери на локали и хотели, како и полициски службеници.

Во досегашниот дел од акцијата биле запленети мобилни телефони и пари, а во акцијата учествувале и инспектори од Скопје, како и кучиња трагачи.

Акцијата се очекува да трае во текот на целиот викенд.

GOLD
To Top