Новости

Прилеп инфо

Полицијата на Плетвар пронајде дрога кај прилепчанец кој требало да озфдржува затворска казна

На 26.01.2022 полициски службеници од ОВР Прилеп на превој Плетвар го лишиле од слобода 31-годишен прилепчанец, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени една ќеса со бела грутчеста материја и 24 таблетки, а покрај тоа бил баран по наредба на Основен суд Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на подрачјето на Скопје.
Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Евротип
SNBROKER
To Top