Новости

Прилеп инфо

Приведени тројца прилепчани, запалиле автомобил на свој сограѓанин

Полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(38), Ј.Ф.(27), П.С.(31), сите од Прилеп.

„Тие се сомничат дека околу 22.00 часот предизвикале пожар во патничко возило „киа венга“ со бугарски национални ознаки, сопственост од Т.Н.(48) од Прилеп, паркирано на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Евротип
SNBROKER
To Top