Новости

Прилеп инфо

Прилепската населба “Варош” денес го празнува Голем Петок

Денес православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Оваа година поради пандемијата со кopoнавиpycoт ќе изостане масовноста во најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил, но варошани сигурно во нивните домови со своите семејства ќе си прослават како што доликува.

0Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

GOLD
To Top