Новости

Прилеп инфо

Прилепскиот совет го овласти градоначалникот да поднесе барање за видот на наставата во училиштата

Прилепските советници на денешната седница донесоа одлука со која го овластуваат градоначалникот Илија Јованоски да поднесе барање до владината Комисијата која работи на одредувањето на видот на наставата што би се одржувала во основните и во средните училишта во градот.

Според Анета Пејовска, директор на приелпското средно училиште „Орде Чопела“, во тек се обуките на наставниот кадар за националната платформа, но средните училишта се подготовени за настава со физичко присуство.

– Во тек се подготовките за почетокот на новата учебна година. До секој 10-ти во месецот училиштата посебно ќе доставуваат барање за настава со физичко присуство. Но, пред да се достави барањето, училиштето треба да исполнува одредени услови за физичко присуство. Во училиштата спроведовме анкета при што ги прашавме родителите за каков вид настава се. Во средното училиште „Орде Чопела“, 75 насто од родителите се изјаснија за настава со физичко присуство, а на ниво на општина тој процент е околу 85. Се побара во училиштата кои ги исполнуваат услвоите за настава со физичко присуство, а во другите наставата ќе се одвива на далечина. Во тек е обука на наставниот кадар за националната платформа за настава на далечина. Националната платформа лесна е за употреба. Има 33 национални обучувачи. Платформата нуди многу можности за наставниот и за ученикот и се надевам дека ќе биде успешна. Инаку,. ги исполнуваме условите за настава со физичко присуство. Постојат протоколи кои ги добивме од министерството за образование. Ние сме подготвени. Има алгоритам како да се однесуваме доколку се појави случај на заболен од Ковид-19. Имаме соба за изолација во училиштето, вели Пејоска.

Фокус на одлучување на советниците на денешната седница беа извештаиете на прилепските училишта за минатата учебна, 2019/20 година, како и програмите за работа на училиштата за новата учебна година.

На седницата се комплетираа комисите кои работат во составот на советот.

GOLD
To Top