Новости

Прилеп инфо

Прилепскиот суд првпат изрече доживотен затвор за двојно убиство

Прилепскиот основен суд изрече доживотна казна затвор за Н.П. (52), кој во јануари лани уби двајца, а тешко рани едно лице во семејна трагедија која го потресе Прилеп.

Пресудата е за 4 кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство и за семејно насилство. Со психијатриско вештачење, судот утврдил дека Н.П. бил пресметлив кога ги извршувал тешките кривични дела. Ова е прва доживотна казна затвор што ја изрекува прилепскиот суд.

Семејната трагедија се случи на 11 јануари лани, кога Н.П. во семејната куќа на семејството на поранешната сопруга ги убил неа и нејзината мајка, а тешко го повредил братот на поранешната сопруга. Трагедијата се случила пред очите на 10-годишниот син.

GOLD
To Top