Новости

Прилеп инфо

Прилепските здравствени работници први ја примија руската вакцина

Прилепските здраствени работници денеска беа меѓу првите кои ја примија руската вакцина „Спутник V“. Организирани со три автобуси, во скопската поликлиника „Јане Сандански“ чекаа ред за имунизација.

Стравот од ширењето на Ковид-19 и желбата да се заштитат себеси и најблиските биле пресудни да поминат стотина километри до Скопје и назад.

Вакцините на безбедно во фрижидери, а медицинските лица подготвени за имунизацијата. На 10 минути е боцкањето и засега немало никакви проблеми со аплицирањето на првите дози на Спутник.

– Од Инфективно сите одлучивме да примиме вакцина, има многу болни и некои од нас не прележале и треба да се заштитиме, вели Горица Ржаниковска, медицинска сестра во прилепската болница.

– Се повеќе расте интересот на здравствените работници за вакцинација, вели Ивица Мијалков, болничар во прилепска болница.

И додека едни медицински лица примаа прва доза од Спутник, во поликлиниката „Букурешт“ денеска почна ревакцинацијата со Фајзер.

Од руската Спутник има 3000 вакцини за 3000 лица и за 20 дена треба да стигнат дозите за ревакцина. Засега нема најави кога ќе стигнат вакцините од Фајзер преку директниот договор на министерството со компанијата. Ги чекаме и 200 000 дози од кинески Синофарм и исто толку од Астра Зенека.

Извор: Сител

Евротип
SNBROKER
To Top