Новости

Прилеп инфо

Прилепчанецот Вања Ѓорѓиоски освои прво место на светско ниво по англиски јазик во Италија

Прво место и златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик.

Нашиот прилепчанец Вања Ѓорѓиоски ученик во ООУ „Климент Охридски“ заедно со неговата менторка Фросина Ацевска учествуваа на светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо во Рим на кој што се натпреваруваа со ученици од целиот свет.

“На претходната наша средба во мојот кабинет му кажав на Вања дека го очекуваме во Прилеп после финалето со златен медал. Нашиот Вања заедно со менторката го послушаа советот и се вратија шампионски во Прилеп.” – истакна градоначалникот Јовчески.

“Општина Прилеп секогаш ќе бидe поддршка за сите талентирани млади како и за нивните ментори. Како награда за нивниот успех ќе им доделиме финансиска помош на Вања и неговата менторка со цел да поттикниме мотив плус кај сите наши ученици и учители, секогаш да го даваат својот максимум и достојно да го претставуваат Прилеп и Република Македонија.”- изјави градоначалникот.

Евротип
SNBROKER
To Top