Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец загина на лов на диви свињи во Мариово

Млад прилепчанец, бил погоден во лицето додека бил на лов на диви свињи со пријателите во Мариово.

Според првичните информациите од МВР, денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека е ранет прилепчанец кој со своите пријатели бил на лов диви свињи во Мариово.

Еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо во пленот за одстрел, пукал во својот другар.

Бидејќи теренот бил недостапен повикан е хеликоптер за да биде извлечено телото.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со
куршум од лице од група која била на лов.

– Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите, соопшти Стаматова.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај пренесува независен.

GOLD
To Top