Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец приведен со дрога во Пелинце

Триесет и петгодишен жител на Прилеп викендов бил приведен во атарот на селото Пелинце.

– На 03.07.2022 во 04.20 часот во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ж.К.(35) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Евротип
SNBROKER
To Top