Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец тешко повреден по удар од автомобил

На 07.10.2020 во 22.10 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Генерал Васко Карангелески“ и „11 Октомври“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(43) од Прилеп, удрило во пешакот Л.П.(66) од Прилеп.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

СН Брокер
To Top