Новости

Прилеп инфо

Прилепчани до петок ќе ги добијат субвенциите за инвертори и за велосипеди

До петок прилепчани ќе ги добијат субвенциите за ивертер-климите и за велосипеди, и тоа, со зголемени средства, најави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на денешната седница на општинскиот совет.

Според Јованоски, им се излегува во пресрет на граѓаните и субвенциите се зголемени.

„За да им излеземе во пресрет на што поголем број граѓани, првично планираните 4 000 000 денари за субвенционирање на инвертори ги зголемивме на 4.142.973 денари, додека на сумата од еден милион денари, субвенции за велосипеди, додадовме дополнителни 637.495 денари. До крајот на оваа недела, односно до петок, 2 јули, субвенционираните средства ќе бидат префрлени на жиро-сметките на граѓаните“ -вели Јованоски.
програмата за организирањето и функционирањето на зимската служба на подрачјето на Општината за 2021/2022 година, годишниот акциски план за социјална заштита. како што објаснува претседателката на советот Еленче Ташкоска беше донесен и заклучокот за почеток на постапката за формирање партиципативно тело кое ќе има советодавна улога при носењето на урбанистичките планови.

„Советот ја изгласа програмата за организирање и функционирање на зимската служба како и годишниот акциски план за социјалната заштита во Општината. Една од поважните одлуки беше измената и дополнувањето на Одлуките за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за купување на грејни тела со инвертор и велосипеди. Но, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери не ја поддржаа ваквата одлука, односно се иззедоа од гласањето“ -изјави Ташкоска.
Советниците ги донесоа и регулациски план на ГУП за Прилеп, одлуката за определување услови и начин на давање под закуп на дел од недвижен имот со електронско јавно наддавање како и годишните планови за вработување во повеќе основни училишта.

Евротип
Евротип
To Top