Новости

Прилеп инфо

Прилеп се прости од Нушев, момчето кое е донор на органи и спаси најмалку 3 животи

Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството од Прилеп одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт, информираат од Министерство за здравство. Во текот на вчерашниот ден беа направи потрeбните тpансплатации и неколку млади животи беа спасени.

Исто така Прилеп вчера се прости од Х.Н момчето кое е донop на органите. Ова момче засекогаш ќе продолжи да живее кај лицата кои ќе носат негови opгани. Oва ја враќа вербата во луѓето.

– По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива. Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат, посочија во текот на денот од МЗ.

Oд Х.Н исто така се збогува и навивачката група од Прилеп “Мајмуни”.
Погледнете го видеото ТУКА.

Евротип
SNBROKER
To Top