Новости

Прилеп инфо

Прилеп со најголема смртност од Ковид – 19 во Македонија – пациенти по 90 дена повторно заболени

Прилеп без сомнение е прв град во Македонија по број на починати од Ковид 19, покажуваат последните епидемиолошки анализи на центарот за јавно здравје.

Просекот во земјава на 100 илјади жители е 130 починати а во градот под марковите кули 232. Овој загрижувачки просек според епидемиолошката служба потврдено е дека се должи поради три причини.

Колку е опасен корона вирусот најдобро знаат само они кои биле хоспитализирани со тешка клиничка слика, се излекувале а по 90 дена од оздравувањето повторно заболеле од Ковид 19. Во Прилеп сега има неколку такви случаеви.

Ситуацијата во овој град и натаму е сериозна. Активни се 357.

Реално овој број треба да се множи со осум. За една недела ново заболени се 122 а починати 7. Поради ново годишните и божикните празниците а сега и стара нова година очекувањата се бројот на заболени и ако драстично нема но сепак тој ќе се зголеми.

GOLD
To Top