Новости

Прилеп инфо

Промоција на средно стручно образование во Прилеп

Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука денеска се организираше и во прилепските стручни училишта, каде идните средношколци се запознаа со придобивките и можностите што ги нуди стручното образование.

-Училиштата „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ согласно конкурсот за упис во средно образование во учебната 2021/2022 година имаат на располагање вкупно 1059 слободни места со кои треба да се оформат 33 паралелки. Учениците можат да оберат една од понудените струки – машинска, електротехничка, сообраќајна, графичка струка, економско – правна и трговска струка, лични услуги, здравствена, хемиско – технолошка струка, градежно – геодетска, земјоделско – ветеринарна, геолошко – рударска и металуршка струка, шумарско – дрвопреработувачка струка и текстилно – кожарска струка, информира Министерството.

Дуалното образование, како што информира Министерството за образование и наука е воведено во поголем дел од струките, што се спроведува во партнерство на училиштата со локални компании и кој подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија, што пак, овозможува стекнување на квалитетни и потребни вештини за обезбедување на соодветен работен ангажман веднаш по формализација на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

Министерството информира дека од оваа година се менува и политиката за стипендирање на средношколците. Имено, сите ученици кои ќе се запишат во средно стручно училиште имаат можност да аплицираат за стипендија и тоа во вредност од 3500 денари за девет месеци во годината, доколку ученикот е дел од дуална паралелка, односно 2200 денари за девет месеци во годината, доколку ученикот е запишан во струка која е дефицитарна, како угостителско – туристичка струка, машинска, електротехничка и други дефинирани со конкурсот кој ќе биде објавен вообичаено во третиот квартал од календарската година.

GOLD
To Top