Новости

Прилеп инфо

Пронајдена марихуана во прилепско возило, приведени три лица

На 22.01.2022 околу 16 часот на бул.„Словенија“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција сопрено е патничко моторно возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Р (23), а како сопатници Х.Ч (17) од Скопје и Д.Д (20) од Прилеп.

При преглед во возилото пронајдена е марихуана и лицата се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Евротип
SNBROKER
To Top