Новости

Прилеп инфо

Пронајдено телото на исчезнатата Весна Николоска во водите на вештачкото езеро

Заврши потрагата по Весна Николоска. Спасителската служба „Златоврв„, Горска служба за спасување од Битола кои со своето куче трагач и сите останати кои се вклучија во потрагата денеска утрово ја пронајдоа 50 годишната Весна од Прилеп која пред три ноќи замина од својот дом во непознат правец. Денеска во потрагата, беживотното тело на Весна е пронајдено во водите на Вештачкото езеро во Прилеп.

Увид на самое место е извршен од страна на Јавениот обвинител и екипа од СВР Битола- ПС Прилеп.

Денеска(19.12.2020) во 09.15 часот во водите на езерото кај рудникот „Сивец“ во Прилеп било пронајдено телото на В.Н.(50) од Прилеп, за која нејзиниот сопруг Т.Н.(51) на 17.12.2020 пријави дека се оддалечила од домот. Увидот бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција се вели во соопштението на мвр.

Три дена и три ноќи прилепчани, во организирани потраги ја пребаруваат прилепската околина, најдевајќи се дека ќе ја пронајдат ,при тоа пронаоѓајќи одредени показатели дека жената, тука, на одредено место, престојувала на кратко. На социјалните мрежи се споделуваа информации , каде се наводно била видена, но  најчесто сите потраги завршуваа без успешно. Семејството дури понуди и парични награда за пронајдување на нивната мајка.

Нека почива во мир.

GOLD
To Top