Новости

Прилеп инфо

Резервните офицери на традиционална средба во Прилеп

Со почит за загинатите борци и полагање цвеќиња на Могилата на непобедените во Прилеп, членовите од целава земја на Здружението на школата за резервни офицери, обучени во школата во Билеќа, Босна и Херцеговина денеска го одбележаа 20 јуни, Ден на познатата школа за резервни офицери во пешадијата.

Здружението, заедно со сите кои ја поминале школата од поранешните републики на поранешна Југославија 10 години имаат традиција на одбележување во Билеќа, Босна и Херцеговина, но поради пандемијата, лани и годинава ја продолжува традицијата во својата земја.

Како што објаснува Димитри Колишев, претседател на Здружението „ШРО- Билеќанци за Македонија“ во сите 107 генерации има голем број Македонци кои се обучени во позната школа.

-НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ ПОСТОИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ. СИТЕ ЧЛЕНОВИ СЕ ОБУЧЕНИ ВО ШКОЛАТА ЗА РЕЗЕРВНИ ОФИЦЕРИ ВО БИЛЕЌА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА. ОБУЧЕНИ СЕ ЗА ОДБРАНА НА НАШАТА ЗЕМЈА. ДОСЕГА ИМА ИЗЛЕЗЕНО 107 ГЕНЕРАЦИИ И ВО СЕКОЈА КЛАСА ИМА И ОД МАКЕДОНИЈА. ИМА ПОСТАРИ И ПОМЛАДИ. ЗДРУЖЕНИЕТО Е ФОРМИРАНО СО ЦЕЛ, ВО ЧЕСТ НА ШКОЛУВАЊЕТО ВО БИЛЕЌА, ДА СЕ СОБИРАМЕ ВО БИЛЕЌА НА 20 ЈУНИ, БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН Е ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ШКОЛАТА КОЈА СЕ ВИКА „МОША ПИЈАДЕ“. ШКОЛАТА Е ЗА ОБУЧУВАЊЕ НА РЕЗЕРВНИ ОФИЦЕРИ ЗА ПЕШАДИЈА. СЕКОГАШ ИМАЛО ОД 600 ДО 700 УЧЕСНИЦИ НА ТАА ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА. ДЕСЕТ ГОДИНИ СЕ СОБИРАВМЕ. ЛАНИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ 11-ТАТА СРЕДБА, НО ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА НЕ СЕ ОДРЖА. И ГОДИНАВА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВО ТАКОВ ОБЕМ, ПА НИЕ СИ СЕ СОБИРАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА. И ЕВЕ СМЕ ВО ПРИЛЕП, ВО ГРАДОТ-ХЕРОЈ ДА СЕ СРЕТНЕМЕ, ДА СЕ ВИДИМЕ, И ДА ИМ ОДДАДЕМЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ НА МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ. ДА ЈА ОДРЖИМЕ ТРАДИЦИЈАТА, ОБЈАСНУВА КОЛИШЕВ.

Трајче Дамески од Прилеп, потпретседател на Здружението, нагласува дека имаат одлична соработка со Министерството за одбрана и веќе се вклучуваат да помогнат во обука на идни генерации.

– ДЕЛ ОД НАС, ИАКО ПОМАЛ, ИМААТ ПРАВО ДА СЕ АКТИВИРААТ ВО НАШАТА АРМИЈА. ИМАМЕ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА СО НАШЕТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА. НАЈНОВОТО Е ДЕКА СЕГА ПРЕКУ РЕЗЕРВНИТЕ ВОЕНИ СТАРЕШИНИ И ПРЕКУ СОРАБОТКАТА СО МИНИСТЕРСТВОТО, ВЕЌЕ НЀ ВКЛУЧУВААТ АКТИВНО ЗА ОБУЧУВАЊЕ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КАЈ НАС НА НИВО ВО МАКЕДОНИЈА, И ВО АРМИЈАТА И ВО РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ, ПРЕКУ АКТИВНОСТИТЕ КОИ НИЕ ЗНАЕМЕ ДА ГИ СПРОВЕДЕМЕ. ИМАМЕ ДОБРА СОРАБОТКА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА УСПЕШНО ЌЕ ПРОДОЛЖИ, ВЕЛИ ДАМЕСКИ.

Симеон Донев од Штип, член на Здружението потенцира дека школата е големо животно искуство, за јакнење на моралните вредности кај човекот што е една од најбитните работи во животот.

– ЗА МЕНЕ ШКОЛАТА БЕШЕ ГОЛЕМО ЖИВОТНО ИСКУСТВО НЕ САМО ЗА ОБУКА КАКО КАДАР ЗА БОРБЕНИТЕ ЕДИНИЦИ ЗА ПЕШАДИЈАТА, ТУКУ КАКО ПОНАТАМУ ДА ГО ЖИВЕАМ ЖИВОТОТ И ДА БИДАМ УСПЕШЕН. МЕ НАУЧИ НА ЧЕСНОСТ, НА РАБОТЛИВОСТ, НА ЗАЕДНИШТВО, НА УПОРНОСТ И ИСТРАЈНОСТ, НА СЕТО ШТО Е ПОЗИТИВНО ЗА ЧОВЕКОТ ДА БИДЕ УСПЕШЕН ВО ЖИВОТОТ. ТОА ИМ ГО ПОСАКУВАМ И НА МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ. НАЈБИТНИ СЕ МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ, ПОРАЧУВА ДОНЕВ ОД ШТИП.

GOLD
To Top