Новости

Прилеп инфо

Советниците во Прилеп одобрија програми за финансирање

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа редовната 52 седница, на која советниците расправаа по повеќе прашања кои што се од интерес и значење за граѓаните. Усвоен е извештајот за работата на Советот за 2020 година и Програмата за работа за 2021 година, како и Одлуката за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и финансискиот план за 2021 година на ЈКП „Водовод и канализација“. Согласно финансискиот план, планираните приходи на јавното претпријатие за тековната 2021 година изнесуваат 214, а расходите 204 милиони денари.

Членовите на општинскиот Совет ја изгласаа и Одлуката за донесување урбанистички план за вон населено место за изградба на Е2-комунална супраструктура – градби за производство на енергија термоелектроцентрала на биогас и сообраќајно регулирање на крстосница со регионален пат Р1107, м.в. Дуј Гас, КО Ново Лагово, плански период 2020-2030. „Зелено светло“ доби и предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2021 година.

На денешната седница која се одржа онлајн, советниците ја усвоија и програмата за култура за 2021 година, а изгласаа и повеќе други одлуки.

GOLD
To Top