Новости

Прилеп инфо

Сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, повредени две лица

На 22.09.2020 во 19.50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  53 годишник од Битола и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 51 годишник од Прилеп.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

GOLD
To Top