Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајка во центарот на Прилеп, повредени 3 лица

Утрово во 04.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

ФОТО: 4news

GOLD
To Top