Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – две лица тешко повредени

На 18.10.2020 во околу 16.45 часот на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ фиат браво“,  со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.В (38) од Прилеп и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил С.В.(67), сопатник во возилото „фиат брaво“, додека Д.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

GOLD
To Top