Новости

Прилеп инфо

Тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Битола

На 09.09.2020 во 16.45 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола, во с.Ново Лагово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(31) од Прилеп, со совозач К.П.(28) од Прилеп и патничко возило „застава 128” со прилепски ознаки, управувано од П.С.(68) од с. Шелеверци, прилепско. Во незгодата сите лица се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска болница Прилеп за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

GOLD
To Top