Новости

Прилеп инфо

Тешко повреден мотоциклист во Прилеп

На 29.06.2022 околу 15.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.И.(64) од с.Црнилиште, општина Долнени и мотоцикл „бенели“, управуван од М.Г.(65) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.Г., констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Евротип
SNBROKER
To Top