Новости

Кошарка

Тридневен баскет турнир “Гоце Делчев“,во чест на македонскиот револуционерен великан

На тридневениот баскет турнир, посветен на 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер , Гоце Делчев, љубители на кошарката имаа можност да погледнат интересни натпревари, но и да се дружат и забавуваат. Турнирот „Гоце Делчев„ кој се одржува во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески Ричко” беше во организација на кошаркарскиот клуб „Марфил спорт„- Прилеп, подджан од локалната самоуправа

„Нашата цел е да вклучиме што повеќе млади луѓе да рекреираат и спортуваат. Отсекогаш локалната самопуправа дава несебична поддршка за развој на спортот и во овој контекст се обидуваме и да ја популаризираме и кошарката, преку вакви, баскет турнири, бидејќи тоа е екипен спорт кој го играат аматерски и рекреативно голем број љубители на спортот во Прилеп, во сала или на отворените баскет терени. Како локална самоупрва заедно со Владата на Р. Македонија направивме неколку спортски сали во Прилеп и спортски терени, со цел поттикнување на младата популација да спортува – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој им ги врачи пехарите и наградите на најдобрите баскет тимови.

На тридневниот кошаркарски турнир „Гоце Делчев„ беа одиграни повеќе од 20 натпревари,а учествуваа 38 екипи поделени во две категории: до 18 години и над 18 години.Во категоријата до 18-есет години, првото место го освои екипата на „Ред Бул’, а во категоријата над 18 години победата им припадна на екипата на „Марфил спорт„.

Инаку, ова е втората сезона на баскет приказна која што Општина Прилеп заедно со кошаркарскиот клуб „Марфил спорт“ ја започнаа со единствена цел да го зголемат рејтингот и интересниот кај младите за баскет/кошарката во градот, но и за потенцирање на водењето на здрав начин на живот,кај младата популација, во духот на спортот. Наредата година организаторите планираа на баскет турнирот „Гоце Делчев 2018“ да бидат поканети и екипи од другите градови на Македонија.

GOLD
To Top