Новости

Прилеп инфо

Финишираат подготовките за овогодинешниот “Пиво Фест 2022”

Финишираат подготовките за годинешното издание на „Пиво-Фест 2022“ еден од најмасовните фестивали на пивото и скарата во Македонија и пошироко.
Денеска доцна попладне, организаторот Арт 10 продукција, оствари средба со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, со раководителите на јавните комунални претпријатија од Прилеп, ОВР – Прилеп, преставници од Регионалниот Центар за управување со кризи, од ТППЕ – Прилеп, од JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп, ЕВН – Прилеп, од Дирекција за заштита и спасување, од УЈП – Прилеп, Агенција за храна и ветеринарство и Државен пазарен инспекторат, со цел координирање на активностите за успешно реализирање на Пиво-фестот, манифестација која е белег на Прилеп.

„Се надеваме дека Пиво-фестот ќе ја раздвижи локалната економија и на прилепчани, покрај забава, ќе му донесе финансиски бенефит. Очекуваме голема посетеност во рамките на овие четири фестивалски денови и ги поканувам сите љубители на пивото и добрата скара, и оние, кои сакаат добра музика и забава, да го посетат нашиот град и да бидат наши гости – истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Фестивалот, Пиво Фест 2022 започнува од 14 и ќе трае до 17 јули, а на него ќе учествуваат многубројни реномирани домашни и балкански музички имиња, најави организаторот.

Евротип
SNBROKER
To Top