Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Во прилепската касарна одбележан Денот на артилерискиот баталјон

Со пригодна свеченост денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше одбележан 10 април – Денот на артилерискиот баталјон. Имено во 1992 година со указ на тогашниот Претседател на Р. Македонија на денешен ден токму тука во касарната „Мирче Ацев“ е формиран мешовитиот артилериски полк, како прва артилериска единица во АРМ, во која секоја година се се обучуваат по 4 генерации на регрути од родот артилерија.

Со новата формациска поставеност на АРМ овој баталјон од 2013 година повторно е пренесен и вратен во оваа касарна. Обуката на баталјонот се изведува согласно тактиките, техниките, и процедурите на земјите членки на НАТО.

„Една батерија од овој баталјон е во состав на СПГБ, единица декларирана во базенот на сили според концептот на оперативни способности, односно НАТО програма за оценување на интероперабилноста и б/г на единици кои доаѓаат од земји партнети на НАТО. Истата успешно го помина циклусот на оценување и беше оценета со највисоки оценки. Останува оваа година во месец октомври да се изврши ресертифицирање на оваа единица според НАТО стандардите и истата да биде подготвена за учество во операции предводени од НАТО. Артилерискиот баталјон е моќна формација, чија мисија е огнена поддршка на единиците 1 МПБР. Покрај својата основна мисија припадниците на баталјонот се вклучени и во голем број на хуманитарни активности, активности за справување со елементарни непогоди и слично. Неможеме, а да не го споменеме тука еден од најголемите предизвици што во периодот помеѓу двата празника ги имаше нашата држава, а тоа е справување со мигрантската криза. Секојдневно персоналот на оваа единица заедно со останатите единици стоеше цврсто и будно на нашата јужна граница и ја гарантираше безбесноста на нашите граѓани“, изјави потполковник Ивица Цветковски, командант на артилериски баталјон.

На манифестацијата беше истакнато и тоа дека народот има огромна доверба во АРМ и дека тие со својот професионализам гарантираат дека можат да се справат со било кој предизвик кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и нивниот имот.

На свеченоста присустваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на присутните им го честиташе денешниот празник.

„Им го честитам на сите припадници на АРМ овој голем ден, им посакувам многу здравје, среќа и да имаат успешни години како што имаа и во претходниот период. Оваа касарна многу значи за нашиот град, значи пред се од безбедносен аспект, потоа значи бидејќи заедно со АРМ сме организирале голем број хуманитарни акции, како што беа големите поплави пред 2 години. АРМ беше таа која најмногу тогаш се бореше со таа катастрофа и помагаше на населението. Соработката со АРМ и локалната самоуправа на Прилеп е на доста високо ниво, освен хуманитарни акции сме организирале и еколошки акции, спортски манифестации и други настани. Сакам да напоменам дека касарната има големо значење и од економски аспект за Прилеп. Тука имаме сместено околу 400 војници, кои се платена војска и тоа значи многу за локалната економија, бидејќи поголем дел од овие луѓе живеат тука“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Денеска на најдобрите војници им беа доделени награди и признанија.

 

Евротип
SNBROKER
To Top