Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Започна учебната година за 10.340 прилепски основци и средношколци

Oколу 10 340 основци и средношколци во Прилеп успешно ја почнаа новата учебна година.

Преку 9 100 ученици се најавија на профилите за наставата на далечина, а околу 1 260 основци ја почнаа наставата со физичко присуство. Освен од 1 до трето во 10-те основни училишта, согласност од Владата за настава со физичко присуство добија и подрачните училишта од населените места, и тоа во селата Канатларци и Мажучиште до 5-то, во Мало Коњари до 4-то и во селата Радобил и Селце како и посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски” и музичкото училиште „Ордан Михајлоски Оцка”.

Другите околу 9 100 основци и средношколци се најавија на своите профили, информира Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа.

– Учениците се најавија на националната платформа, а дали ќе има евентуални проблеми и падови, ќе се знае до крајот на денот. Се надевам дека се ќе помине во најдобрар ред, вели Николоска.

Денеска во училиштата, според сите протоколи и заштитни мерки пристигнаа и 660 првачиња. Ги поздравија директорите и наставниците. Честитајќи им го почетокот на учебната година во сосема поинакви услови, прилепскиот градоначалникот Јованоски, кој ги посети училиштата напомена дека сите заедно ќе ја надминиме состојбата.

– Честитки за првачињата иако сите, како што досега не било, стигнаа со маски. Верувам дека сите заедно ќе ја надминеме оваа состојба. Посакувам да стекнат многу нови знаења, а ние да се погрижиме да се надмине сето ова со пандемијата, рече Јованоски.

Инаку, прилепската локална самоуправа распиша тендер за набавка на 221 компјутер за потребите на училиштата, од кои 120 лап-топа, а 101 персонален компјутер. Претстои и нов тендер за јавн набавка на компјутери за децата од социјално загрозените семејства.

GOLD
To Top