Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Постоечката прилепска улица „Димо Наредникот“ прерасна во модерен булевар

Градот под Марковите кули денеска доби современ реконструиран дел од улицата „Димо Нареднико“. Во присуство на градоначалникот Марјан Ристески, пред голем број на жители од урбаната зедница и граѓани, беше ставена во употреба улицата „Димо Нареднико“ во должина од 200 м2 и ширина 25 метри.

„Постоечката прилепска улица „Димо Нареднико“ прерасна во модерен булевар со четири коловозни ленти. Овој инфраструктурен проект кој се протега од Основниот суд до градска река опфаќа: пешачки и велосипедски патеки покриени со бекатон плочки, осветлување долж целата траса и среден разделен појас“, посочи Љупчо Митрески раководител на патна инфраструктура во општина Прилеп.

Претседателот на УЗ „Бончејца“, Ивица Ангелески посочи дека со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот како на возачите така и на пешаците.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека и понатаму ќе продолжи реализиацијата на уште неколку поголеми проекти поврзани со улиците во градот. Ќе започне реконструкцијата на улицата 11-ти Октомври од кружниот тек кај „Солидност“ се до мостот Табана, изградба на нова улица „Кеј 1-ви Мај“ која ќе се протега од старата автобуска станица до железничкиот мост во населбата Сточен пазар и секако по поврзувањето на канализационите системи ќе следи и комплетна рекострукција на улицата „Александар Македонски“.

Денешната инвестиција чини 10 милиони денари средстава обезбедени од Буџетот на општина Прилеп.

Евротип
SNBROKER
To Top