Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Светскиот ден на Ромите 8-ми Април одбележан со низа манифестации во Прилеп

По повод Светскиот ден на Ромите 8-ми Април, градоначалникот Марјан Ристески денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од повеќе невладини организации од ромска националност. Тој им го честиташе одбележувањето на „Меѓународниот ден на Ромите“.

„Општина Прилеп е вистински пример за мултикултурен соживот и почитување на традицијата, културата, верата и сите останати специфики кои со себе ги носи секој народ. Локалната самоупрва во изминативе години релизираше голем дел од проектите кои се однесуваа за подобрување на животот на Ромите и нивната еманципација“, посочи во својата изјава градоначалникот Ристески.

„Имавме продуктивна дискусија со градоначалникот Марјан Ристески, имаме одлична соработка со локаланата самоуправа и со центарот за вработување бидејќи нашата стратегија е фокусирана на областа на вработување. Нашите проекти се однесуваат на домен за интеграција и мотивација на ромското население во сите свери се со цел на подобрување на животот на ромското население, посочи Киршан Мамудоски извршен директор на НВО „Ромска Солза“.

Денеска во раните утрински часови на јарболот пред зградата на Локалната самоуправа беше подигнато Ромското знаме во чест на празникот.

„Врз основа на програмата која што ја работиме, традиционално трета година по ред на јарболот пред зградата на Локалната самоуправа се крева ромското знаме во чест на празникот. Им благодариме за несебичната поддршка и сакам во оваа прилика на сите Роми да им го честитам овој голем празник“, посочи Сами Ајдини Советник во Советот на Општина Прилеп.

Денешните настани во чест на празникот продолжуваат со богата културно забавна програма во спортската сала на ОУ „Добре Јованоски“ каде во попладневните часови ќе биде одигран и фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Пролетер и општина Прилеп, традиционално посета на џамијата и забава до раните утрински часови во населбата Тризла.

GOLD
GoldSlot
To Top