Новости

Прилеп инфо

ФОТО: 23 деца, првенци на генерација денеска заминаа на Попова Шапка

Градоначалникот Марјан Ристески денеска ги испрти 19-те деца од Прилеп и четири од општина Кривогаштани кои ќе учествуваат на овогодинешната манифестација „Снежен град“.

„Четврта година по ред општина Прилеп ја поддржува оваа убава манифестација која се случува во Попова Шапка, да им посакаме среќен пат, добар престој на децата и да изградат најубава снежна фигура“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Организаторите посочија дека во рамки на манифестацијата ќе се одржат и други бројни активности од рекреативен карактер, како избор на Снежна убавица, спортски игри, пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и диско-забава за учесниците на Снежниот град.

Манфестацијата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош – Скопје“.

GOLD
To Top