Новости

Прилеп инфо

Хуманитарна акција во Прилеп: Прилепски фризери, козметичари, бербери со донација за пациентите и персоналот

Голем одзив на хуманитарниот повик за донации – помош на прилепската болница во храна и вода од прилепските фризери, бербери, козметичари и спортистите. Денеска на паркингот кај Општата болница Борка Талески стигнаа пакетите со вода, зеленчук и овошје за пациентите и медицинскиот персонал кои веднаш беа примени и распределени во болницата.

– Оваа болница како и сите во државава кубури со персонал и мора сите да помогнеме на овој начин, затоа што знаеме сите дека пациент легнат во кревет не е сам во состојба да стане и да си наполни вода. Секој еден пациент кој е хоспитализиран по автоматизам значи и дека членовите на неговото семејство се во изолација и со тоа е оневозможено е дистрибуција на вода и овошје за пациентите. Денов како што започна сум убеден дека ќе помине со огромни донации за болницата“, истакна Крешимир Здравески, фризер од Прилеп.

Во акцијата која што започна сосема спонтано по донацијата на семејството од Михаил Здравески по повод неговиот именден, се вклучија сограѓани спортисти.

 „Сакаме и ние како спортисти да учествуваме на овој настан, на оваа хуманитарна акција, на било каков начин да помогнеме. Господ да му помогне на сите болни, да имаат добро здравје и сите граѓани треба да се вклучат во вакви акции“, кажа Киро Здравески, спортист ветеран, џудист од ЏК Сеишин Прилеп.

Иницијативата за помош на сограѓаните кои се хоспитализирани во прилепската болница и персоналот, продолжува уверуваат занаетчиите, фризерскиот еснаф, козметичари, бербери, спортисти и најавуваат дека следен чекор е набавка на прочистувачи за воздух во оваа здравствена установа, која периодов се соочуваа со најголем предизвик од постоењето – битката со Ковид 19 и спасување животи пренесува Пела Радио. 

 

GOLD
To Top