Новости

Прилеп инфо

Цели семејства заразени во Прилеп, коронавирусот широко распространет во градот

Алармот во Прилеп е вклучен поради рапидното зголемување на бројот на заразени од опасниот корона вирус и од почетокот на овој месец се заразиле вкупно 194 лица.

Од ЦЈЗ Прилеп не информираат дека застапени се лица од сите возрасти и вирусот во овој град е широко распространет.

„Во градот има широка трансмисија на Ковид-19. Во најголем дел од случаите, инфицираните не знаат од каде ја добиле заразата. Сепак, огромен дел се во кругот на потесното семејство, каде и логично дека не се носи заштитна маска и контактите се на помало растојание, поради семејните ручеци и слични семејни дружби“, велат од ЦЈЗ Прилеп.

Во градот под Марковите кули од почетокот на оваа зараза се инфицирале 1571 лица додека пак активни се 648 граѓани пренесува фокус.

GOLD
To Top