Новости

Прилеп инфо

ЦУК: Пожар кај стариот млин на патот Битола – Прилеп

Центарот за управување со кризи информира дека гори стрниште кај стариот млин на патот Битола – Прилеп. Пожарот е се уште активен и екипите се на терен. Се интервенира со едно возило и со двајца пожарникари.

– Во атарот на селото Беловиште кон Куново гори депонија која може да предизвика штети и во шумскиот појас. На терен се четворица вработени од Национални шуми подружница Шара како и екипи од ТПП Гостивар со едно возило и двајца пожарникари. Состојбата се следи и доколку има потреба ќе бидат ангажирани дополнителни екипи, информираат од ЦУК.

Евротип
SNBROKER
To Top